top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Инструментите на моите предци“ во КИЦ

Детскиот културен центар „Карпош“, покрај 75-годишниот јубилеј на центарот, оваа година исто така по петти јубилеен пат ќе го организира фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“. Фестивалот е од 11 до 13 април и се одржува под покровителство на Град Скопје. – Фолклорната култура е човечки израз за да се опише начинот на живот на едно општество, бидејќи целта на народната песна е да ги опише човечките искуства, знаењето на духовното и материјалното наследство, кое е неизоставен дел од развојот на децата, кои се развиваат и усовршуваат наоѓајќи сопствен изворен уметнички јазик – велат организаторите.

Во КИЦ, „Салон 19/19“, се одржа ревијалниот дел, каде што публиката имаше можност да ги слушне звуците на македонските традиционални музички инструменти хармоника, тамбура, кавал, кларинет, гајда, тапан. Песните што ги слушна скопската публика беа изведени од комисијата, познати македонски виртуози. Оваа година, како јубилејна, се претставија и сите досегашни победници во изминатите четири години, добитници на гранприто во натпреварувачкиот дел. – На уникатен и единствен начин се запознаваме со сличностите и разликите на инструментите и нивните звуци во натпреварувачкиот дел. Преку звукот на народните инструменти, патуваме во различни предели и региони и ги раскажуваме овие приказни, кои зборуваат за минатото во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство – вели директорката на Детскиот културен центар „Карпош“, Билјана Лалчевска Серафимовска.


1 view

Comments


bottom of page