top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Инсталациите на „Неонска рефлексија“ поставени во Францускиот институт и кафе-бар Нано

До 31 октомври ќе биде поставена изложбата „Неонска рефлексија“ на којашто во излозите на Францускиот институт и кафе-барот Нано во Скопје се претставени инсталации од македонскиот уметник Антонио Пирковски.

Илустрирајќи го градот како отворена галерија преку уметност прикажана во излозите, идејата е да се поттикне комуникација помеѓу пошироката публика и уметноста, притоа, овој пат, раскажувајќи мултидимензионални приказни за трансхуманизмот и технолошката еволуцијата на човештвото преку неонската рефлексија. Кураторот на изложбата, Кристина Глигоровска, објасни дека уметничките инсталации го отсликуваат современиот пристап кон создавањето на скулптурални дела, генезата на универзумот, трансхуманизмот, како и човекот на денешницата во процесот на трансформација во сајбер-човекот од иднината.

– Клучниот елемент во делата е неонската светлината, која во излогот на Францускиот институт ја рефлектира пораката за испреплетената природа на уметноста, знаењето и модата која е моќна алатка за визуелизација на иднината, додека во излогот на кафе-барот Нано е отсликана симбиозата помеѓу уметноста, науката и технологијата – додаде Глигоровска.

Изложбата „Неонска рефлексија“ е активност од проектот „Излогот како уметнички медиум“ во реализација на галеријата Акантус и Здружението за промоција на визуелната култура – Студио Вирту.

Специјален гостин на проектот беше Солин Д’Абовил, светски познат дизајнер, сценограф и специјалист за креирање на излози, основач на агенцијата Manymany во Париз и креаторка на некои од најкреативните излози во светот.




3 views

Comments


bottom of page