„Инстаграм“ ѝ ги избриша разголените фотографии на Мадона: „A не ви пречат машките брадавици? Чист с
26.11.2021 Noemvri Petok
„Инстаграм“ ѝ ги избриша разголените фотографии на Мадона: „A не ви пречат машките брадавици? Чист сексизам“, одговори таа Мадона остана без новите секси фотографии на „Инстаграм“, на кои ги покажа голите брадавици. Политиката на цензурирање на оваа социјална мрежа ја налути пејачката и таа преку долга објава им се пожали на своите фанови. Најновите разголени фотографии на поп-кралицата (63), на кои, меѓу другото, ја покажа и својата гола брадавица, преживеаја на „Инстаграм“ само еден ден. Пејачката во средата повторно ги објави, но овој пат цензурирани и се пожали дека, според нејзино мислење, постапиле крајно неправедно од „Инстаграм“. „Повторно ги објавувам фотографиите што ‘Инстаграм’ ми ги отстрани без предупредување или известување. Причината за отстранувањето што им ја кажале на моите менаџери, кои воопшто не управуваат со мојот профил, е тоа што ми беше откриен мал дел од брадавицата“, напиша кралицата на попот. „Сè уште не ми се верува дека живееме во култура што дозволува да се покаже секоја педа од телото на жената, освен брадавицата. Како тоа да е единствениот дел од анатомијата на жената што може да сексуализира. Брадавица што храни бебе! Зарем машката брадавица не може да биде еротска? А што е со женскиот задник, кој никогаш никаде не е цензуриран?“, додаде таа. „Благодарна сум што успеав да го одржам здравиот разум во четири децении цензура, сексизам и мизогинија. Ова е совршено во склад со лагите во кои бевме воспитувани – да веруваме во приказните за аџиите што мирно кршеа леб со Индијанците кога дојдоа во Плимут Рок! Господ да ја благослови Америка“, заклучува Мадона, а во коментарите многумина се согласуват со неа. „Така е, драга Мадона. Треба да може да ги покажат своите тела“, коментира фан под објавата на Мадона, на која пејачката повторно собра повеќе од 700.000 лајка.
Comments