top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Инстаграм“ се врати по 9 часа, компанијата се извини за проблемот

Некои корисници на „Инстаграм“ во текот на вчерашниот ден пријавиле дека не може да се поврзат со своите профили на социјалната мрежа. Од „Инстаграм“ соопштија дека ја поправиле грешката. Тие се огласија на „Твитер“ за да објават дека го решиле проблемот. „Решивме грешка што предизвика проблеми со пристапот до профилите во светот. Грешката исто така предизвика некои луѓе привремено да го променат бројот на следачи. Се извинуваме“, твитна компанијата. Глобалниот прекин предизвика голем број корисници да пријават дека нивните профили се деактивирани со порака: „Го суспендиравме вашиот профил“. На некои корисници им бил привремено оневозможен пристап до нивните профили како последица на прекинот. Еден корисник рече дека софтверот ги побарал неговиот имејл и телефонскиот број пред да му го врати деактивираниот профил на интернет.



2 views

Comments


bottom of page