top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Инсиње му се извини на Гатузо: Еден капитен не смее да го направи тоа

21.12.2020 ДЕКЕМВРИ ПОНЕДЕЛНИК

Наполи направи два чекори назад кога е во прашање врвот на табелата во Серија А, откако на последните две дерби средби кои ги имаше во краток временски интервал претрпе два порази.

Тимот на Џенаро Гатузо најпрво загуби од Интер на „Џузепе Меаца“, а вчера се прикажа во навистина бледо издание, па сосема заслужено беше надигран од Лацио кој на домашниот „Олимпико“ славеше со 2:0.

Суспендираниот Инсиње не можеше да им помогне на своите соиграчи и поради повредата на Мертенс, Гатузо имаше навистина помалку опции во нападот, па сега во пресрет на натпреварот со Торино на кој Наполи ќе има голем императив да оствари победа, капитенот Лоренцо му се извини на својот тренер.

– Се чувствував многу лошо во Милано, особено поради тоа што го оставив тимот со 10 играчи на теренот. Еден капите не смее да го направи тоа. Навистина ми е жал и се извинувам, тренерот Гатузо поради мене вчера имаше помалку опции во нападот со оглед на повредите во тимот, – изјави Инсиње кој доби црвен картон против Интер поради протест кон судијата.

– Сега мора да се насочиме кон она што следи и да се вратиме на победите. Во среда имаме важен меч против Торино, мора да освоиме три бода после овие два порази, без оглед на тоа што оној против Интер не беше праведен, – додаде Лоренцо.


0 views

Comments


bottom of page