Иниеста откри кој му е најомилениот меч во кариерата: Тоа е најсреќниот момент
12.03.2024 Mart Vtornik
Легендарниот шпански фудбалер, Андрес Иниеста неодамна го одигра 1000 меч во неговата кариера, кариера исполнета со многу успеси, признанија, успеси, титули како на клупско така и на репрезентативно ниво.
Иниеста има претрчано многу километри на зелениот терен, има одиграно многу важни мечеви, но за него сите тие се засенети со еден натпревар, дебито против Бриж на гостински терен.
-Дебито. Тоа за мене е моментот. Надвор од очигледните натпревари-финале, полуфиналето, титулите –тоа е најсреќниот момент. Кога бев мал во мојот град, бев со татко ми, играјќи на теренот сонував да бидам фудбалер. Станав фудбалер, бев среќен. Сè што следеше беше последица на многу фактори, но најважниот ден е кога дебитирав. Јас сум ист во суштина. Потоа, за да играш во елитата, да работиш толку долго работа, ти треба огромна количина на работа, посветеност и пожртвуваност. Работата е бесконечна, -истакна дон Андрес за „ЕСПН“.
Шпанецот потоа издвои и некои други натпревари кои засекогаш ќе ги памети.
-Има толку многу. На прва би рекол натпреварот Барселона-Севиља што го добивме на Камп Ноу, кога го постигнав првиот и одигравме спектакуларен натпревар.
-Последното [Копа дел Реј] финале против Севиља исто така. Тоа е финале, но ќе мора да ми дозволите да го вклучам бидејќи тоа беше мојата последна титула [за Барса]. Тој ден. Верувам во енергија, во сите тие работи и тој ден имав чувство дека летам по тревата. Тоа беше еден од најдобрите натпревари што ги паметам во Барселона.
-Ако продолжиме, ќе ми паднат на ум многу: 4-0 на Бернабеу 2015 година, кога се роди Пауло Андреа [второто дете на Иниеста]. 2-3 на Бернабеу. На крајот на мандатот на Рајкард не беше толку голема, но со задоволство се сеќавам на тоа, бидејќи почнав повеќе да играм.
-Што да кажам? Беше брутално. Се сеќавам на Олд Трафорд [победа од 1-0 за Шпанија против Англија во февруари 2007 година], мојот прв гол со националниот тим. Моментот во кој бевме беше тежок и погледнете како се сменија работите. Тоа беше пресвртната точка. Од таму, едноставно не загубивме. И тука се пеналите против Италија [на Еуро 2008], каде што се се менува,- подвлече иконата на Барселона.
Comments