top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Инжењер од подморницата добил отказ бидејќи тврдел дека не можела да го издржи притисокот на 4000 ме


Инжењер од подморницата добил отказ бидејќи тврдел дека не можела да го издржи притисокот на 4000 метри Откако пет лица ги загубија животите во експлозија на миниподморницата во водите на Северниот Атлантик, утрово беа објавени информации кои укажуваат на можна техничка негрижа од страна на американската компанија „Океангејт Експедипшнс“ (OceanGate Expeditions), која управуваше со подморницата „Титан“. Еј-би-си њуз објави дека поранешен вработен во компанијата бил отпуштен поради загриженост за контрола на квалитетот и тестирање за потенцијални недостатоци во експерименталната подморница. Дејвид Лохриџ, инженер и капетан на подморницата, во 2018 година во противтужбата против „Океангејт“ тврдеше дека компанијата го отпуштила затоа што изразил загриженост за дизајнот и тестирањето на трупот. АФП пишува дека Лохриџ тврдел дека големиот отвор во предниот дел на подморницата бил дизајниран да издржи притисок на длабочина од 1.300 метри, а не на 4.000 метри, колку што е длабочината до која се упати оваа мала научно-туристичка подморница во неделата со пет патници кои ги загубија животите во нејзината катастрофална имплозија. Експедицијата со „Титан“ ја организираше компанијата „Океангејт Експедипшнс“, тргнувајќи на своето трето патување до Титаник, кој удри во санта мраз и потона во 1912 година. За ова трагично патување, сега починатите платија 250 илјади долари по човек.



2 views

Comments


bottom of page