top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Индија двоен шампион, македонските селекции на 61-то и на 77-то место

25.09.2024 Septemvri Sreda

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО БУДИМПЕШТА

Македонскиот интернационален шаховски мајстор (ИМ) и член на повеќекратниот македонски шампион ШК Алкалоид, Тони Лазов (2.360), постигна огромен успех на 45. Шаховска олимпијада (ШО), која се одржа во Будимпешта (Унгарија), откако во поединечна конкуренција, играјќи во голем стил на вторатa табла за репрезентацијата на Македонија, освои 7,5 поени од осум партии и оствари рејтинг-перформанс од 2.763 поени, што беше доволно во мошне силната конкуренција да го освои сребрениот медал. Лазов е четвртиот македонски шахист што освоил медал на ШО. Претходно Трајко Недев во 1996 година во Ереван освои бронза играјќи како прва резерва, Драгољуб Јаќимовиќ се закити со злато на ШО 2000 во Истанбул на трета табла и Владимир Георгиев освои сребро на ШО 2004 во Калвија на трета табла. Блиску до медал беше и Александра Јаневска-Кизова, која на ШО 1998 во Елиста беше четврта како резервна табла.– Не очекував пред настапот на Шаховската олимпијада да освојам медал, но во првата пригода кога ми се укажа можност, верував дека можам да освојам медал и успеав. Секако дека не жалам што не освоив норма за велемајстор ако играв и победев, оти во тие моменти, сепак главен фокус ми беше само освојувањето медал. Што се однесува до екипниот настап, секако дека можевме и заслуживме подобар пласман, оти многу мечеви несреќно ги загубивме, а кои реално требаше да завршат барем нерешено или во наша полза – ни изјави Лазов по освојувањето на медалот.Македонските шахисти (просечна возраст 24,2 години), кои пред почетокот на ШО во Будимпешта беа рангирани на 62-то место (просечен рејтинг 2.421 поен), меѓу 197 репрезентации, го освоија 61-то место со 12 екипни бода (шест победи и пет порази) и вкупно 27,5 освоени поени по табли.Македонските шахистки (просечна возраст 26,8 години, рангирани на 57-то место, 2.025, меѓу 181 селекција) го освоија 77-то место со 11 бода и вкупно 23,5 поени по табли. Настапија вкупно 978 шахисти, од тоа 245 велемајстори (ВМ), како и 715 шахистки (17 ВМ).

– Задоволен сум од настапот на шахистите, кој беше во рамките на нашите можности иако заслуживме повеќе и подобар пласман за некое место. Добро е што со посилните одигравме добро, отколку тоа да го сторевме со послабите. Поединечно сите се бореа, играа добро, со констатација дека им недостигаше кондиција во последните 3-4 кола. Повеќе очекував од Николовски, но со оглед на тоа што повеќе шанси му дававме на Лазов, Николовски мораше да игра повеќепати со црни фигури. Дебитантот Златков почна добро, но во финишот му снема сила, а и нема искуство, но тој ќе биде добар шахист, сигурно. Од Евгени Романов сум позитивно изненаден, одлично играше, борбено, а и за време на подготовките многу помагаше, со еден збор вистински професионалец, кој заслужува рејтинг над 2.600 поени. Освоениот медал на Лазов е голем успех за македонскиот шах, а е и многу позначаен отколку досега освоените, оти е освоен според играчкиот перформанс во мошне силна конкуренција. Лазов да играше во последното коло и да победеше, ќе освоеше и норма за ВМ, како и златен медал, но и тој самиот не беше многу настроен да настапи поради овој факт, па не сакавме да ризикуваме и не играше. На крајот сѐ излезе добро – вели селекторот ИМ Атанас Кизов.Кај македонските шахистки, Ивана Манова уште на едно коло пред крајот ја освои титулата женски ФИДЕ-мајстор (ЖФМ). Без оглед што победи во последното 11-то коло, тоа пред ШО го оствари и Моника Жежовска.– Не чувствував никаков притисок за резултатот, како и за освоената титула. Едноставно бев фокусирана да одиграм најдобро што можам. Среќна сум од прикажаната игра, како и од титулата ЖФМ. Во поглед на конечниот пласман, генерално сум задоволна од нашите репрезентативки, иако секогаш може подобро. Прикажавме силна борба на таблите, но, сепак, на крајот пласманот не излезе во наша полза – ни изјави Манова, членка на Гамбит Асеко СЕЕ.Жежовска со својата игра на ШО само ја потврди својата титула ЖФМ, која уште не ѝ е впишана од ФИДЕ.– Од мојата игра не сум сосема задоволна, верувам дека имав партии што можев да ги одиграм подобро, но иако противничките по рејтингот беа послаби, играта им покажа друго. Верувам дека секогаш може подобро иако ние дадовме сѐ од себе – вели Жежовска.Свое видување за оствареното во Будимпешта даде и селекторот на женската репрезентација, ФМ Љубиша Андоновски.

– Моника Стојковска и Манова на првите две табли беа на висината на задачата. На третата табла Моника Жежовска не беше константна иако има над 50 отсто остварен резултат. Но таа е сѐ уште млада шахистка, а и голема е одговорноста да се игра на трета и на втора табла. Се пласиравме подолу од почетното рангирање, но на ШО последното коло секогаш или ќе те искачи или ќе те спушти за 20 места. Општ впечаток е дека игравме во рамките на нашите можности. Не е толку битно местото, туку дека во сите кола бевме конкурентни, се играше и над три и пол и четири часа по партија, Сепак, факт е дека на оваа ШО имаше повеќе репрезентации и конкуренцијата беше многу посилна, со многу подмладени екипи, кои брзо напредуваат, отколку пред две години во Индија. И оние држави што некогаш не беа сериозно сфатени, денес се многу поуспешни – вели Андоновски.На ШО во Индија доминираа шахистите и шахистките на Индија, кои станаа олимписки шампиони, првпат во својата историја. Мажите (Гукеш, Прагнанада, Еригаиси, Видит, Харикришна, просечен рејтинг 2.753 поени, рангирана втора пред ШО 2024) освоија 21 бод, втори се САД со 17, а Узбекистан, кој пред две години беше шампион, е трет, исто така со 17 бода. Кај жените, Индија (Дроновали, Рамешбабу, Дивиа, Вантика, Таниа, 2.467, прворангирана) освои 19 бода, Казахстан 18, а САД беа трети со 17 бода. Г.И.

МАКЕДОНИЈА НА ШО 2024

МАЖИИМЕ И ПРЕЗИМЕ РЕЈТ. ПОЕ. ПЕРФ. Р. ПОЕ.ВМ Евгени Романов 2.567 6/9 2.632 + 12,5ИМ Тони Лазов 2.360 7,5/8 2.763 + 32,7ИМ Никола Николовски 2.388 4/8 2.358 + 0,4ИМ Емил Ристески 2.367 5/10 2.308 -1,6ФМ Антон Златков 2.346 5/9 2.280 -3,4ЖЕНИЖФМ Моника Стојковска 2.043 6,5/10 2098 +23,8Ивана Манов 2.032 7/10 2.128 +27,6Моника Жежовска 2.107 6/11 1.920 -74,8Сања Трајковска 1.920 2/6 1.770 -20,8Леа Ефтовска 1.841 2/7 1.688 -29,2


0 views

Comments


bottom of page