ИН МЕМОРИАМ По седуммесечна битка со повредите почина Панчо од ДНК
- Aleksandar Santovski
 - Oct 14
 - 1 min read
 
14.10.2025 Oktomvri Vtornik
Почина Владимир Блажев – Панчо, музичарот од дуото ДНК кој беше тешко повреден во несреќата што се случи на 16-ти март. Информацијата ја потврди Јавното обвинителство...Пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ја зеде 63-та жртва. Почина Владимир Блажев – Панчо, музичарот од дуото ДНК кој беше тешко повреден во несреќата што се случи на 16-ти март. Информацијата ја потврди Јавното обвинителство.
„Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму заради здравствената состојба“- стои во соопштението од Јавното обвинителство.
Блажев почина на 46 годишна возраст. Претходно, 7 месеци се лекуваше во приватна болница. Оттаму изразија сочувство до семејството и пријателите, но не соопштуваат кои се причините за смртта.
„Длабоко сочувствуваме со семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност, бидејќи загубата е огромна за сите нас. почитувајќи ја приватноста на секој наш пациент и согласно законот за заштита на правата на пациентите, не споделуваме информации за пациентите“- стои во известувањето од клиниката.
Пожарот во „Пулс“ се случи за време на настап на групата ДНК, а во него животот го загуби другиот член на дуото, Андреј Ѓорѓиески. Во трагедијата починаа уште четворица членови на бендот, како и фотографот на групата.Анита Димитријевска - Велковска преземена вест од МРТ 1






Comments