ИН МЕМОРИАМ: Македонскиот ракомет остана без Филип Христов
Македонскиот ракомет денес загуби голем човек и посветен работник на сите ракометни полиња, откако ненадејно почина Филип Христов.
Христов беше синоним за Металург, човек кој повеќе од три децении беше дел од подемите и падовите на клубот од „Автокоманда“. Тој беше дел од најсветлите години на тимот кој стана препознатлив бренд во ракометна Европа и еден од иницијаторите за формирање на ракометната Академија Металуг која беше препозната како ракометен репрезентативен расадник во Македонија.
Покрај во машката екипа, Христов долги години беше раководно лице и еден од оснивачите на женскиот ракометен клуб Металург, бидејќи на негов предлог поранешниот женски клуб РК Скопје, се фузирал со новоформираниот Металург и така започнала приказната и за денешниот женски тим.
Последниот ангажман Христов го имаше во Ракометната федерација на Македонија (РФМ) како дел од натпреварувачката комисија.
Comments