„Има чувство дека сакаме да ги исправиме работите, но тоа не може да биде главната мисла“
ФУДБАЛ – ЈИРГЕН КЛОП ВО ПРЕСРЕТ НА ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во интервјуто за интернет-страницата на Европската фудбалска унија (УЕФА), во пресрет на мечот за европската титула, в сабота, во Париз, зборува за финалето на Лигата на шампионите (ЛШ) против Реал Мадрид, оставањето вистинско наследство… Откако му се приклучи на Ливерпул од Борусија Дортмунд, во 2015 година, Клоп донесе возбудлива магија, во која неговата екипа ја освои ЛШ во 2019 година, како и првата англиска титула по многу години. За поразот на Ливерпул од Реал Мадрид во 2018 година: Прво и основно, тие се тим од светска класа, клуб од светска класа и знаат да победуваат на фудбалски натпревари. Јадрото (од тимовите што се сретнаа во 2018 година), особено во средниот ред, уште е таму. Многу работи уште се како што беа порано. Значи, нивната бековска линија е многу променета. Напред, Кристијано Роналдо го нема, точно, но Карим Бензема е уште таму, со младите Бразилци Винисиус Жуниор и Родриго, така што тоа е тим од врвна класа. Добро е што претходно сме играле финалиња, дефинитивно. Го кажав тоа откако победивме во 2019 година со Тотенхем, во сите финалиња што ги играа моите тимови претходно, игравме подобар фудбал, но загубивме. Значи, мораме да научиме да победуваме финалиња и победивме неколку, не финалиња во ЛШ, туку неколку други. Поискусни сме и тоа е веројатно добро. За наводната „одмаздничка“ мисија на Ливерпул: Игравме, изгубивме. Каква реакција би сакале да покажете? Забавниот дел од тоа е игравме против Реал Мадрид во Киев во 2018 година, победивме во Мадрид во 2019 година, тоа беше друг стадион, и сега повторно играме со Реал Мадрид. Така, очигледно, кога сме во финале во ЛШ, Мадрид секогаш е некако вклучен. Има чувство дека сакаме да ги исправиме работите, дефинитивно, но тоа не може да биде главната мисла. Ако одиме таму велејќи „одмазда“, тоа не функционира така. Тоа не сме ние. Дојдовме во финалето на поинаков начин. Значи, мора да играме на нашиот начин и тоа е она што треба да се обидеме да го направиме. За шефот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти: Неодамна видов слики од напаѓачите што ги тренирал и си помислив има ли некој напаѓач од светска класа што не го тренирал. Тоа е лудо. Згора на тоа, тој е неверојатно добар колега. Тој е неверојатно успешен и ги инспирира тимовите на неверојатни работи, така што, да, тој е одлично момче. За неговото наследство од Ливерпул: Не знам што сакам луѓето да мислат за мене. Она што сакам да го направам за клубот е да формирам структура и култура за сега и откако ќе заминам, затоа што вистинската структура и вистинската култура не треба да зависат од луѓето, тоа треба да зависи од клубот. Ако работите се во ред, тогаш е во ред, затоа продолжете да го користите во иднина. Значи, тоа е тоа. Тоа е мојата цел, навистина. ОК, имам време да го направам тоа само ако победуваме на тој пат.
Comments