Илон Маск ја продаде и последната куќа, сега нема свој дом
Вториот најбогат човек на светот, Илон Маск, го исполни ветувањето и ја продаде својата последна куќа и официјално повеќе нема дом. Извршниот директор на „Тесла“ и „SpaceX“, го продаде својот имот во Силиконската долина за 30 милиони долари, што е за 7,5 милиони долари помалку од првичната барана цена од 37,5 милиони долари. Илон Маск, тежок повеќе од 151 милијарда долари, претходно изјави дека имотот од 47 хектари јужно од Сан Франциско е неговиот последен преостанат дом. Маск, кого шефот на „Амазон“, Џеф Безос, го прескокна на врвот на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе во светот, моментално живее во куќа што ја изнајмува за 50.000 долари во Бока Чика, Тексас, во близина на неговата фабрика за ракети. „ Мојот примарен дом е буквално куќа од 50.000 долари во Бока Чика која ја изнајмувам од SpaceX. На крајот на краиштата, тоа е некако одлично“, напиша Маск на Твитер. Новиот сопственик на вилата Хилсборо во Калифорнија на 891 Crystal Springs Road не е објавен во јавноста. Огромниот имот има седум спални соби, седум бањи, музичка соба, голема сала за бал и коктел соба со полици за библиотека на извлекување.
Comments