Search
Илиевски нема повеќе да го води Пелистер, поранешен тренер на МЗТ ќе го заземе неговото место
- Aleksandar Santovski
- Oct 4, 2023
- 1 min read
Искусниот македонски стартег, Марјан Илиевски нема повеќе да го води составот на Пелистер.
Илиевски по три години си заминува од клупата на македонскиот прволигаш и тоа поради здравствени проблеми со тоа што тој ќе остане во Битола како дел од управата на „пелистерци“.
Веќе е познат и неговиот наследник, се работи за некогашниот предводник на МЗТ Скопје, Вардар, Башкими и Нирегихаза, Дарко Радуловиќ. Ова за него е враќање во нашата кошарка со оглед на тоа што последните ангажмани му беа во Косово и Унгарија.
Најголеми резултат во досегашната кариера дефинитивно се титулите со МЗТ.
Дебито на новата функција ќе го има против Работнички.

Comentários