Search
Илиев по дебито за Македонија: Многу сум горд…(ФОТО)
Дејан Илиев вчера доби можност да биде стартер на средбата против Гибралтар во Лигата на нации, средба на која Македонија забележа победа, а струмичанецот ја сочува својата мрежа.
Ова воедно за поранешниот член на Арсенал беше деби за националниот тим, па ја искористи оваа можност да испрати една порака за тоа колку е горд што го носи дресот и ја претставува нашата држава.
-Бескрајно сум горд што дебитирав во овој дрес и што ја претставував мојата земја Македонија. Со срце за нашата Македонија, напиша Дени на социјалните мрежи.
Македонската репрезентација ја очекуваат уште два предизвици во овој јунски дел од Лигата на нации, па останува да видиме дали можеби Илиев ќе добие шанса да рани против Грузија и Гибралтар во Скопје.

Comments