top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Израелски археолози пронајдоа опиум во керамика стара 3.500 години

Израелските археолози соопштија дека пронашле остатоци од опиум во керамички садови стари 3.500 години, што ја докажува теоријата дека халуциногената дрога се користела во древните ритуали за погребување, пренесе „Гардијан“.

За време на ископувањата во централниот израелски град Јехуд, откриени се низа гробници од периодот на доцното бронзено време, што доведе до научно истражување на локацијата и пронајдените предмети. Еден од пронајдоците се керамички садови во кои имало растенија опиум, што било појдовна точка за научниците да истражат дали керамиката била користена за складирање дрога. Претходно откриените списи сугерираат дека опиумот се користел во ритуалите за погребување во Ханаан.

– Остатоците од опиум беа пронајдени во осум сада, овие предмети најверојатно биле поставувани за време на церемонијална вечера, изведување обреди и ритуали што живите ги изведувале за нивните починати членови на семејството – рече археологот Рон Биери.

Според неговото објаснување, за време на овие церемонии, членовите на семејството се обидувале да ги повикаат духовите на нивните починати роднини и да влезат во екстатична состојба користејќи опиум.

Сепак, Биери признава дека сè уште има многу нешта што не се познати за тие древни времиња и дека може само да се шпекулира за тоа што се правело со опиумот.


1 view

Comments


bottom of page