top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложбата „Париски рефлексии 2“ од денеска поставена во Чифте амам/ФОТОГАЛЕРИЈА

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на Франкофонијата 20 март, денеска во Чифте-амам се отвори второто продолжение на изложбата „Париски рефлексии“. -Изложбата која го носи предзнакот 2, ги претставува делата на втората генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани во центарот на светската уметност – Париз, по што извршиле влијание врз развојот на македонската уметност, особено во доменот на пренесување на влијанијата на надреализмот, енформелот и останатите тогаш актуелни светски тенденции.

Оваа селекција се однесува на авторите кои се родени до 1930 година, кои ја дефинирале ликовната сцена кај нас по Втората светска војна па се до 6-та и 7-та деценија на 20 век: Вангел Коџоман, Василие Поповиќ – Цицо, Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, Томо Шијак, Петар Мазев, Спасе Куновски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Богољуб Ивковиќ, Ристо Лозаноски, Ванчо Ѓорѓиевски, Трајче Јанчевски, Вангел Наумовски и други, како и францускиот уметник Клод Дервен, кој во поново време творел во Македонија.

Сите претставени дела се дел од Колекцијата на Националната галерија.

Изложбата ја отвори претседателот Стево Пендаровски, aмбасадорот на Франција во Македонија Сирил Бомгартнер и директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. Изложбата ја реализира Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје.










1 view

Comments


bottom of page