Изложбата „Лица на револуцијата“ со необјавени портрети од македонски револуционери во МАНУ
Ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери од приватни колекции на Диме Ратајкоски и на Душко Апостолоски беше отворена завчера, во МАНУ. Изложбата се организира во година кога македонските држава и народ одбележуваат 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација.
Насловена „Лица на револуцијата“, изложбата содржи досега необјавени портрети од македонски револуционери и е предвидено да патува низ пет македонски града и официјално да биде затворена на 23 октомври, во Битола, на Денот на македонската револуционерна борба.
Изложени се фотографии на македонските револуционерни икони Јане Сандански, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев, Димо Хаџи Димов, Христо Чернопеев и други значајни ликови, а изложбата содржи и фотографии што го документираат учеството на македонските револуционери во Балканските војни, Првата светска војна, како и меѓувоениот период.
Изложбата беше поддржана од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.
Comentários