Search
Изложбата „Интимно понирање“ на Трајче Чатмов во Куќата на Робевци
Во галеријата Робевци во Охрид вечерва (1 јули) во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Интимно понирање“ на уметникот Трајче Чатмов. Пред љубителите на уметноста ќе бидат изложени 20-ина дела работени во последната година во техника акрил на платно.
Станува збор за слики кои досега не биле изложени и кои се продолжување на циклусот „Интимно понирање, но и дела со една нова колористична гама.
За неговиот последен циклус на дела проф. Гоце Наневски вели: „Читајте ги сликите на Чатмов“.
Како што вели пак, самиот уметник тој во Охрид повторно изложува по цели 25 години.
Comments