top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложбата „Акварели“ на Илија Маџаров во КИЦ

„Акварели“ е насловот на изложбата на ликовниот уметник Илија Маџаров што ќе биде отворена на 6 септември, со почеток во 20 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје.

Изложбата претставува дела за кои уметникот Никола Пијанманов вели дека рендгенски ги созерцуваат појавите и објектите во светот.

– Мотивите во сликите на Маџаров нè тераат уште еднаш да ги погледнеме нештата во нивното реално бивствување. Уште еднаш тенките и нежни тополи кои треперат над водата, уште еднаш самракот над градот, птицата на дрвото, парчето овошје на столот. Сликарскиот ракопис на Илија Маџаров е спонтан, како скицник или интимен дневник во кој брзо ги запишуваме нашите мисли. Тука нема системи и идеи за монументални и епски композиции, ќе посочи Пијанманов.


2 views

Comments


bottom of page