Изложбата „We must update“ на Зулејха Зубери Али во галеријата „КО-РА“
Самостојна изложба на Зулејха Зубери Али насловена „We must update“ е отворена вечерва во галеријата „КО-РА“, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.
Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Дом на културата.
Уметницата со оваа самостојна изложба, посочи таа, децидно ја акцентира својата тематска преокупација посветена на светот кој не опкружува соочен со епилогот на овоцивилизациските „дострели“ кој укажува на човековата сеопшта девастација во сите сегменти на своето дејствување и постоење, кои доведоа не само до оддалечување од неговото чисто исконско битие, туку до сеопшта ерозија која ја доведе и планетата и сите битиа до самоуништување.
– УМЕТНИЦАТА ЈА ПОСОЧУВА ОСНОВНАТА ИДЕЈА ОСЛОБОДУВАЊЕТО ОД ИЗЛИШНОТО, УКАЖУВАЈЌИ ДЕКА НЕСЕЛЕКТИВНОСТА И АКУМУЛАЦИЈАТА НА НЕПОТРЕБНОТО И НЕ СУШТЕСТВЕНОТО ДОВЕДЕ ДО ЗАТРУПУВАЊЕ, ЗАДУШУВАЊЕ И САМОУНИШТУВАЊЕ ВО СИТЕ СФЕРИ И НА ПРИРОДАТА И НА ЧОВЕКОВОТО ОПСТОЈУВАЊЕ И ОДНОС КОН СИТЕ НЕШТА. ДЕКА СВРТЕНИ КОН СУШТЕСТВЕНОСТА НА ЧИСТИТЕ ИСКОНСКИ ВРЕДНОСТИ, И СО ПОМАЛКУ АКУМУЛАЦИЈА НА ИЗЛИШНОТО МОЖЕМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ ПОВЕЌЕ РАДОСТ, ПОВЕЌЕ ЉУБОВ, ПОВЕЌЕ ХАРМОНИЈА ВО СИТЕ СФЕРИ НА ОПСТОЈУВАЊЕТО. ВО ТОЈ КОНТЕКСТ Е И КОНЦИПИРАНОСТА НА ОВАА САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА И ВОЕДНО ИНСТАЛАЦИЈА НА ЧИСТИ ФОРМИ АРТИКУЛИРАНИ СО СВОЈАТА АНГАЖИРАНОСТ И ЛЕТРОСЕТ ПОРАКАТА, НО НАЈМНОГУ СО КОНЦЕПТОТ НА МОЌНАТА ВПЕЧАТЛИВА ДОЖИВЕЛИЦА КОЈА ПРОЗВУЧУВА ОД ЗВУЧНОСТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА СИНХРОНИЗАЦИЈАТА НА КОЛОРИТНИОТ СПЕКТАР КОЈ СУГЕРИРА ШИРОКА СКАЛА НА СИМБОЛИ И ЗНАЧЕЊА КОИ ВО СЕБЕ ГИ НОСИ НИЗ СИТЕ ЦИВИЛИЗАЦИИ БОЈАТА, КОЈА ПРЕТСТАВУВА МОЌЕН ДИЈАЛОГ, КОЈА АРТИКУЛИРА И ДЕФИНИРА НАЈРАЗЛИЧНИ ЕМОТИВНИ, ПСИХОЛОШКИ РАСПОЛОЖЕНИА И СОСТОЈБИ, РЕЧЕ КАЛИЌ.
За оваа изложба поддржана од Град Скопје, Зулејха Али Зубери дизајнираше каталог, постер, легендите со кои ја акцентира својата идеја, а автор е и на концептот за поставката на изложбата.
Изложбата ќе биде отворена од 11 до 18 часот од понеделник до петок до 30 јули.
Comentarii