top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба „Фламански тенденции“ на Васко Ристовски во МКЦ

11.03.2024 Mart Ponedelnik

Во Галерија 2 во Младинскиот културен центар во Скопје, вечерва (11 март) во 20  часот ќе биде отворена изложбата „Фламански тенденции“ на Васко Ристовски. Тој е сликар на наивата од Македонија.

Роден 1967 година во Скопје, Република Македонија. Дипломира на земјоделскиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиj” во Скопје, во 1991 година. Со сликарство се занимава од 1995 година. Работи масло на стакло.

Како сликар на наивата, речиси единствен во Македонија, се занимава 30 години (од 1994 година). Од 2021 година работи и масло на платно.

По 35 години работа масло на стакло во стилот на наивното сликарство, конечно успева да излезе од тие рамки; во новите дела се чувствува особен афинитет кон класичното (рано) ренесансно, барокно и фламанското сликарство. Оваа изложа претставува обид да се претстават дела настанати во изминатите три години, овој пат во техника масло на платно. Делата се направени во манир на фламанските мајстори со извесна доза на модерно сликарство. Тоа е логичен след ако се знае дека наивното сликарство како основа го има токму фламанскиот барок. Платното, како технички предизвик, од своја страна, значи и стремеж кон константно развивање на својата индивидуална креација.

Изложбата ќе може да се посети до 23 март


1 view

Comments


bottom of page