Search
Изложба „Фемина“ на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ
Друштвото на ликовните уметници на Македонија со проектот „Фемина“ на кураторот Јана Манева-Чупоска, на покана од Министерството за култура, е дел од Триесеттиот министерски совет на ОБСЕ, кој се одржува во Скопје. Во рамите на изложбата, која е поставена во хотелот „Александар палас“, се селектирани и прикажани повеќе дела од уметници што во изминативе пет години биле дел од овој проект.
Со свои дела на изложбата учествуваат: Ана Темкова, Вана Урошевиќ, Јана Манева-Чупоска, Маја Рауниќ, Дијана Томиќ-Радеска, Гордана Вренцоска, Ирена Паскали, Наташа Милованчев, Дита Старова-Ќерими, Ана Ивановска, Ана Трајковска, Благојче Наумовски, Јовица Мијалковиќ, Тања Таневска, Шкипе Мехмети, Марјана Костојчиновска, Илиана Петрушевска и Јана Луловска.
Comments