top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба „Сјаење“ на Јана Куновска во Музејот на Град Скопје

„Сјаење“ е насловна самостојната изложба на Јана Куновска, која утре (петок, 1 декември) од 20 часот ќе биде претставена во Музејот на Град Скопје.

За делата што ќе бидат претставени во рамките на изложбата, ликовниот критичар Еуген Борковски посочува дека се работи за две серии, кои се разликуваат по својот технолошки пристап кон дизајнот. Едната група е изработена со маслени бои на платно, а втората се дела со комбинирана технологија, каде што мотивите се претставени со цртање со јаглен на картонска основа.

„Некои од нив имаат обоени детали. На прв поглед, јасно е дека уметникот се занимава со понови историски времиња, потпирајќи се на општествените и на личните впечатоци од околината. Наизменичен процес на цртање и сликање, каде што не недостига комбинаторика. Подредувајќи ги делата, таа ги истражува можностите на материјалите, моќта на формите, но, пред сè, репертоарот на впечатоци. Избраните елементи ја цитираат авторката, која го изразува своето искуство. Наративноста, присутна преку компонентите на секое дело, ја потврдуваат и насловите. Понекогаш наоѓаме вистински луѓе, а понекогаш препознаваме значајни ликови. На сите дела наоѓаме симболични детали што го драматизираат дејството…“, пишува Борковски, меѓу другото.


1 view

Commentaires


bottom of page