Изложба со наслов „Тивко-тивко“ на Новица Трајковски во Кавадарци
Значаен дел од најновиот циклус на слики на ликовниот уметник Новица Трајковски од Скопје ќе има моност да види кавадаречката културна јавност во рамките на изложбата насловена како „Тивко-тивко“ која денеска во 12.30 ќе биде отворена во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“. Творетвото на Новица Трајковски им е добро познато на љубителите на ликовната уметност во Кавадарци како резултат на неговото континуирано присуство со самостојни изложби и редовно учество на кавадаречката ликовна колонија.
Спокојот, тишината , симбиозата со природата и неговиот постојан стремж кон божественото се атрибути кои несомнено асоцираат на неговата уметност а изложбата „Тивко-тивко“ доаѓа како една норманлна последователност на неговото претходно творештво. На неговите најнови дела тој креира еден духовен понтонски мост кој што треба инстантно да се инсталира меѓу поставените дела и набљудувачот и во еден момент да се добие чуство за поврзување на човечкото со божественото.
Ликовниот уметник Новица Трајковски досега има реализирано повеќе од 40 самостојни изложби во Македонија и странство, како и учество на ,многу групни излоби, проекти и колонии од државен и меѓународен карактер. Неговата изложба во Кавадарци е подржана од Министерството за култура на Македонија. М.М
Commentaires