Изложба „Преобразени предмети: Еволуирачки перспективи” во Јадро
КУЛТУРАИзложба „Преобразени предмети: Еволуирачки перспективи” во ЈадроОбјавено пред 5 часа - 10 ноември, 2023Од Е. Т. / Макфакс
В понеделник, 13 ноември, од 18 часот, во КСП „Центар – Јадро“, ќе биде отворена изложбата „Преобразени предмети: Еволуирачки перспективи“ на Јасмина Главинче, во која учество ќе земат и повеќе уметници од Македонија. Оваа ликовната изложба има продажен, хуманитарен карактер и собраните средства или самите дела ќе бидат донирани.
Изложбата „Преобразени предмети: Еволуирачки перспективи“ е уметничка (ре)визија, која има цел да ја истакне важноста за лична трансформација.
Водена од прашањата: дали и како личната трансформација може да влијае врз будење на колективната свест; дали уметноста и уметничките процеси на креација може да ги употреби како алатка за колективно поврзување и дејствување, заемна соработка, која би претставувала основа за подобрување на условите и во поширока микроопштествена рамка, авторката Јасмина Главинче потпомогната од акредитиран тренер за раст и личен развој во петмесечна, самонабљудувачка одисеја, повика седум учесници во обновувачки процес и преку споделување свои лични предмети и костантна интеракција ја истражуваа сопствената внатрешна емоционална динамика, ги будеа своите потенцијали и ги заменуваа старите наративи со нови, освежувачки погледи за себе, за заедницата и за светот.
Спомен-предметите од психолошки тотеми, апстрахирани од нивното првобитно значење, добиваат нов живот како уметнички дела и метаморфозираат во симболи на процесите и поимите за сопствената трансформација. Нивниот облик останува видлив, тој не исчезнува, туку расте и се отелотворува во нов метафизички простор.
Учесници:
Крсто Глигорјадис
Маја Џеповска
Ели Поповска
Елисавета Бејкова
Христина Тарабуновa
Татјана Ристовска
Борјан Исајловски
Милена Крстева, тренер за личен раст и развој
Comentarios