top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба „Патувања низ Македонија“ од Марија Светиева

Синоќа со самостојната изложба насловена како „Ликовни патувања низ Македонија“ на уметницата Марија Светиева во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци свечено беше отворена Меѓународната ликовна колонија „Михајлово-Кавадарци 2023“.

Со изложба да стартува кавадаречката ликовна колонија преставува традиција, а годинава таа чест ја имаше Светиева чија изложбата во Кавадареци е нејзино 54 самостојно преставување додека на групни изложби учествувала на повеќе од 320 пати низ Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Романија, Полска, Русија, Германија, Франција, Финска, Италија, Шведска, Швајцарија, Тајланд, Јапонија, Шпанија, Словенија и Малезија. Добитник е на бројни награди како во Македонија така и во Франција, Италија, Шведска, Јапонија и Америка.

Ликовниот свет на Марија Светиева на мошне специфичен начин го рефлектира внатрешното доживување на надворешниот свет, при што особено значајна за авторката е сензацијата на моментот, односно реконструкцијата на даден доживеан реален момент во меморијата. Навлегувајќи директно во реалноста преку одредени препознатливи елементи, овој изразаено колоритен свет е базиран на сеќавања на доживеаното, односно сензациите кои тоа ги предизвикало кај авторката. Фрагментите на сеќавањето навлегуваат во меморијата при што истите се деформираат и модифицираат за, преку нејзиниот специфичен ликовен ракопис, да се канализираат во експресивни пејзажи во кои доминира експлозија од бои.

Маја Чанкуловска –Михајловска за нејзината уметност ќе напише дека сликите на Светиева од нејзините патувања низ Македонија се своевидна мистична стилизација на просторите и мноштвото познати, но и неистражени или заборавени места како одлика на самата земја, при што истие се препознаваат единствено преку одредени „места“ или симболи на градот или 0колината. Така во акварелите и сликите ги препознаваме Охрид и Охридското Езеро, Преспанското Езеро, Мавровското Езеро, Пелистер, Самоиловата тврдина, Куклица, Кокино , пештерата Пешна и многу други македонски убавини. М.М.


1 view

Comments


bottom of page