Изложба од фрлени и отпадни предмети во Битола
15.09.2021 Septemvri Sreda
Во организација на групата граѓани, кои се залагаат за здрава и чиста животна средина „Мети си со класнето“, компанијата „Божиновски“ часовници и накит, Центарот за култура – Битола и Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”, денеска во Битола се презентирани 40 скулптури направени од отпад, фрлени работи и ѓубре.
– Ние со оваа изложба на ѓубрето му дадовме душа – велат организаторите на изложбата.
Дијана Колонџовска ја раскажа приказната за еден нетипичен бидермаер кој ќе се предава од генерација на генерација и е направен од рециклиран накит од гостите присутни на една уникатна свадба. Ова докажува дека не секогаш прескапите увозни букети се и најубави.
Анкица Адамс со нејзините девојки ја раскажаа приказната за скулптурата Камера 300, висока 1.50 cm, направена од стари делови од автомобили (вклучувајќи и регистерски таблички од времето на Југославија).
Изложбата е дел од офф-прогрaмата на Фестивалот „Браќа Манаки“.
– Оваа иницијатива, која некои ја подржуваат, некои ја игнорират, трети се индиферентни допрва ќе слушаме. Таа е инспиративна, поттикнува, воспитува, и го менува начинот на размислување кај младите, истите оние млади кои низ скулптурите вечерва тивко ни одржаа лекција – изјави директорката на Центaрот за култура, Маја Андоновска Илијевски.
М.М.
Comments