top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба на четворица млади уметници во галеријата на МКЦ

12.04.2021 April Ponedelnik

Младите уметници графичари Ана Трајковска, Душан Стефановски, Ивана Секуловска и Јован Јосифовски на 14 април (17 часот) со свои дела ќе се претстават во галеријата на МКЦ.

-Во современиот глобален пандемиски тоталитарен контекст, во таа сеопшта изолација/виртуализација, на човештвото му се заканува прифаќањето на тоталната реализација на абнормалноста, која преку испланираниот еуфемистички општествен термин е промовирана како „нова нормалност“. Во ваквиот актуелен контекст, група млади македонски графичари ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Низ различни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилски концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле“, вели рецензентката на изложбата, Конча Пиркоска.

Таа додава дека дел од петтемина автори, користејќи ги традиционалните методи на техничката изведба (но и своевидното рециклирање на графичкиот отпад), со нивниот индивидуален пристап всушност ќе ја манифестираат флуидноста на графичкиот медиум и прелевањето во интермедијалноста, која морфолошки ќе се артикулира во скулптурата, модниот дизајн, висечката инсталација, колажите и графитите.

“Иако концепциски и стилски меѓусебно се сосема диференцирани, сепак дифузната графичка линија на целата изложба го претставува оној заеднички именител, кој го означува примарниот интерактивен елемент, со кој авторите ќе го воспостават внатрешното дијалогизирање помеѓу делата, кои поединечно ги артикулираат различните поетички наративи: еколошките, социополитичките, феминистичките и културолошките“, се додава меѓудругото во најавата за изложбата.


2 views

Comments


bottom of page