top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба на цртежи на Љубе Чаловски

На 5 јули, среда, со почеток во 19 часот, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, ќе биде отворена изложба на цртежи на архитектот Љубе Чаловски. Изложбата содржи 30-ина цртежи работени во техниката јаглен на хартија, кои се работени во приодот од последните неколку години. Љубе Чаловски е роден 1947 година, дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1975 година. За изложбата, самиот автор Чаловски ќе запише: Поводот за оваа изложба е изминатиот период од 20 години од првата изложба во НУЦК ‘Трајко Прокопиев’ – Куманово. Јубилеј достоен за почит. Инспириран, ненаметливо го создаде новиот ликовен опус. На оваа ликовна изложба се изложени дела со мотиви од просторите и градовите на повеќе меридијани, каде што градел и престојувал во изминатиот период авторот повеќе од 30 години и тоа Блискиот Исток, јужен Сибир, Русија, балтичките земји, Грција и мотиви од Македонија од Велес, Крушево, Кратово, Гостивар, Тетово, Охрид и Галичник, кои во ризницата се со особено значење. Цртежите во техниката јаглен на хартија ги воскреснаа скиците од објектите, каде што престојував и градев. Тие се создадени во ретките мигови на слободно време. Инспирацијата од пределите во кои престојував се со мотиви од архитектура, пејзажи, кои се приложени во цртежите. Тие добиваат нова димензија и експресија, но и филозофија на човекот наспроти природата и убавината. Суптилниот начин на изразување е крилатицата на Анри Мишо, кој вели: Остави ја линијата да сонува“. Изложбата ќе биде поставена во следните две недели.


3 views

Comments


bottom of page