top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба на цртежи, колажи и костими од Елена Дончева

15.10.2024 oktomvri Vtornik

Елена Дончева (1942) е еден од најплодните автори кога се има предвид професијата костимограф во Македонија. Дипломира 1967 г. на Академијата за применета уметност во Белград. Работи како костимограф во Македонска Телевизија (1967-1975) и во Македонскиот Народен Театар ( опера,балет и драма) до 2001г. кога заминува во пензија.

Во својата богата кариера има реализирано околу 370 костимографии за опера , балет , театар, филм, ТВ- драми, ТВ-филмови,телевизиски серии и музичко забавни емисии. Добитник е на 25 национални и меѓународни награди и признанија.

Изложбата ќе биде отворена до 05.11.2024 година.


1 view

Comments


bottom of page