Search
Изложба на фотографии посветена на Тоше Проески во Кавадарци
- Aleksandar Santovski
- Nov 19, 2021
- 1 min read
Во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, денеска во 13 часот ќе биде отворена изложба на фотографии посветени на Тоше Проески. На огромно задоволство на бројните фанови на Проески изложбата дава можност да се видат професионални фотографии со големиот македонски музичар, од млад надежен талент до најсјајна музичка ѕвезда.
Домот на културата во Кавадарци ја организира изложбата во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2021“ а во соработка со Спомен куќа „Тодор Проески“ од Крушево. Ми.М.


Kommentare