top of page
Search

Изложба на фотографии од концертите на Влатко Стефановски во Мала станица

20.06.2024 Juni Cetvrtok

На изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, на 26 јуни, во Мала станица свои фотографии ќе имаат  Стефан Рајхл, Ангел Ситновски – Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и артефакти и фотографии од архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде.

„The Vlatko Stefanovski Experience“, е насловена изложбата на фотографии која ќе биде отворена на 26 јуни, во Мала станица, со што ќе биде означен почетокот на 10. издание на фестивалот Скопје синема сити, во организација на здружението Номад-арт од Скопје. Филмските проекции ќе се одвиваат во Кинотека на Македонија од 1 до 5 јули.

Првата деценија на фестивалот кој го негува музичкиот документарен филм Скопје синема сити, со групната изложба на фотографии посветени на нашиот гитарски виртуоз, се поистоветува и со 50. годишнината од почетокот на неговата кариера.

Идејното решение на плакатот е на Дијана Димитриевска.

„Во 2024, Влатко Стефановски одбележува 50 години од својата кариера и на овој начин фестивалот му оддава почит. Изложбата сведочи за многуте концерти на Стефановски, соработки и достигнувања, видени низ призмата на реномирани фотографи и колекционери“, велат организаторите.

Концерт по повод 50 години од својата кариера, Стефановски ќе одржи во декември во Белград, Србија. 


0 views

Comments


bottom of page