top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба на фотографии на традиционални носии „Од Љубанишча до Дебар“ на Љупчо Милошески

29.09.2021 Septemvri Sreda

Домот на културата „Македонија“ во Гевгелија успешно реализираше уште еден настан од областа на традиционалната култура.

Станува збор за изложбата на фотографии со традиционални носии од приватната збирка на младиот струшки колекционер Љупчо Милошески, кој од своите 15 години започнал со собирање на народни, невестински носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Се работи за носии од 12 етнички предели од брсјачката и дебарско – реканската етнографска целина.

Пред големиот број присутни, меѓу кои беа и членовите на ансамблот Бојмија од Гевгелија, авторот истакна:

„Успеав да соберам една побогата колекција која ја претставив во монографија. На монографијата се работеше околу година ипол заедно со професорот Владимир Јаневски и дојдовме до идеја таа монографија да се испечати и да се промовира на јавноста. Тоа беше главна инспирација за монографијата бидејќи Дрим е во Струга, а идејата беше да се соберат сите носии од етничките предели по течението на Дрим, почнувајќи од изворот кај Св. Наум до Дебар каде оваа река истекува.“

Сите заинтересирани гевгеличани изложбата може да ја погледнат секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот во просториите на народниот театар до петок 01.10.2021. (Љ.А.)


1 view

Comments


bottom of page