top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба на фотографии „Африкански лица“ од Билјана Јуруковски

Во Музејот на Македонија, на 16 јуни од 20 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии „Африкански лица“ на македонската фотографка Билјана Јуруковски. На изложбата ќе бидат претставени повеќе дела создадени за време на нејзините патувања низ Африка.

„Посебен интерес предизвикуваат прекрасните портрети на народот Сури, една од најизолираните заедници, населени во Југозападна Етиопија. Преку оваа изложба ќе имате прекрасна можност да се запознаете со архаичната култура на Сурите, но истовремено и да го посведочите уникатниот талент на фотографката Јуруковски“, посочуваат од Музејот на Македонија, од каде што додаваат дека за нејзиното патување низ Африка публиката ќе може да дознае на средбата која ќе се одржи на 17 јуни во 12 часот во Музејот.

Оттаму потсетуваат и дека по впечатливите изложби „Духовите на Африка“ и „Африка во Македонија“, кураторот Гоце Наумов преку „Африкански лица“ ја продолжува приказната за африканските култури. Оваа изложба ќе биде проследена и со негово предавање за народот Сури, кое ќе се одржи на 23 јуни во 12 часот, исто така во Музејот. Изложбата е подржана од Министерството за култура.


0 views

Comments


bottom of page