top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба на Славко Упевче во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид

Изложбата насловена „Муренките црници во изумирање во Радожда“ на реномираниот охридски уметник Славко Упевче ќе биде отворена утревечер (7 јули), со почеток во 18 часот, во Центарот за култура “Григор Прличев“ во Охрид.

– Ние сега зборуваме за нешто што исчезнало ненадејно, пред нашите очи, за едно не толку далечно минато на кое се сеќаваме со носталгија бидејќи тоа минато е дел од нашите животи, особено оние детските, незаборавните. На тоа незаборавно минато нè враќаат овие аркадиски предели во сликите на Славко Упевче, охридскиот мајстор од онаа најблагородна сорта која го сочувала минатото со потезот на својата четкичка и со боите врз платното или хартијата – посочува Димитрие Дурацовски за ликовниот свет на Славко Упевче.

Славе Ѓорѓо Димоски, пак, посочува дека насловот на изложбата „Муренките од Радожда“ упатува на локалитет на западната страна од Охридското Езеро, во кој муренките некогаш во изобилие го нуделе својот раскош збогатувајќи го, истовремено надреално и реално, крајезерскиот пејзаж.

– Денес тоа може да се види од сликите на Упевче, кој ја црта и слика виталноста на муренките речиси половина век, оставајќи во наследство едно волшебно богатство за нивниот „изгубен мит“ – истакнува Ѓорго Димоски.


2 views

Comments


bottom of page