top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба на скулптури на Жарко Башески во МАНУ

Самостојна изложба на македонскиот уметник со светско реноме Жарко Башески ќе биде отворена на 15 септември (20 ч) во Македонската академија на науките и уметностите. Башески е професор на Факултетот за ликовни уметности (катедра вајарство).

Пред јавноста ќе бидат претставени скулптури од повеќе циклуси на авторот.

Публиката ќе има можност да ги види делата претставени во Њујорк, Франција, Италија, Холандија, Шпанија, Мексико, но и скулптури кои досега не биле изложени.

Кураторка на изложбата е Натали Рајчиновска Павлеска, а настанот ќе биде отворен со текст на академик Венко Андоновски.

Жарко Башески е роден 1957 година во Прилеп.

Неговото гледиште во творештвото е свртено кон човечкото, па оттука и интересот за хиперреалистичен пристап во обликувањето на концептот на делото, кој во теоретската проекција го надминува хиперреализмот, зборува за животот и светот во кој живееме. Во неговата работа има неколку елементи што се нови во светот на скулптурата и тоа го прави неговото најново дело различно: концептот, современите погледи на човековата состојба преку самонабљудување, техничко производство и употреба на нови материјали (смола, полиестер, полимермер, силикон, природна коса), хиперреалистичниот третман, големината на делото, филозофскиот пристап – сето тоа, кога се комбинира во едно, нуди повеќеслојно читање на уметничкото дело.

Од 1999 до 2009 година бил раководител на Катедрата за скулптура на Факултетот за ликовни уметности. Добитник е на голем број награди. Голем дел од неговото творештво е во приватни колекции во земјата и во странство.


1 view

Comments


bottom of page