top of page

Изложба на Сашо Милевски во КИЦ

12.04.2021 April Ponedelnik

Во Културно-информативниот центар од 14 до 28 април ќе биде отворена изложбата на слики „Излез од темнината“ од Сашо Милевски. На неа ќе бидат изложени 25 дела работени во техника акрилик на платно, создадени од 2019 до 2021 година.

Сашо Милевски (1987) е роден во Битола. Дипломирал и завршил постдипломски студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Со сликарство активно се занимава од 2015 година.


 
 
 

Comments


bottom of page