Изложба на Ранко Дакиќ во Музеј на Град Скопје
- Aleksandar Santovski
- Sep 22, 2021
- 1 min read
Во просториите на Музејот на Град Скопје на 22 септември во 19 часот ќе биде oтворена изложбата на уметникот Ранко Дакиќ.
Тој е роден во Скопје 1958 година. Завршил основно училиште во Кавадарци, Училиште за применета уметност во Скопје (1978) и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (1985). Од 1987 живее и работи како самостоен уметник во Берлин и Кавадарци.
Бил предавач по моделирање и цртеж во Уметничкото училиште во дворецот Шарлотенбург, Берлин. Член е и на ББК (Асоцијација на професионални уметници на Берлин), а има реализирано повеќе самостојни изложби во Германија и Македонија.
Дакиќ (1958) е нетипичен уметник, барем за Балканот (од каде што потекнува). Тој не плете мистерии и митови (толку сакани на Балканот!) околу уметноста, вклучително и својата, не измислува приказни за проклетството на уметникот, за игнорирањето од страна на државата, за тешкиот живот… За него уметноста е вечна борба, постојан судир со себе, психотерапија, самопрогон, некогаш ништавило, но и спас, аждер што бара жртва – ако си подготвен да се жртвуваш!…

Comments