top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба на нашинката од Лондон, Татјана Винона Јонеска: „Еден облак подалеку“ отвора прашања за прос

Изложба на нашинката од Лондон, Татјана Винона Јонеска: „Еден облак подалеку“ отвора прашања за просторните и временски растојанијаминувачите. Многу луѓе влегоа да нè прашаат што работиме. Тоа беше прекрасно. Љубопитноста и интересот ми значат многу. Целокупниот прием не можеше да биде подобар. Запознав многу инспиративни луѓе со кои имав задоволство да разменам неколку значајни збора. Се надевам дека ќе продолжиме со разговорот, ќе размениме идеи и искуства кои, се надевам, ќе доведат до интересни колаборативни проекти во иднина“, вели во интервјуто за весникот ВЕЧЕР уметницата Татјана Винона Јонеска, која живее и работи во Лондон и која деновиве се претстави со својата прва изложба во родниот Прилеп

Татјана Винона Јонеска магистрирала на престижниот Кралски колеџ за уметност (Royal College of Art London), на одделот Современа уметничка пракса – критичка практика. Пред тоа студирала на подеднакво престижниот колеџ за уметности во Chelsea College of Arts – Универзитетот за уметности во Лондон, каде што ја зела својата диплома по ликовна уметност со почести од првa класa. Винона има мултидисциплинарна практика водена од екстензивно теоретско истражување и експериментирање, што формално се занимава со прашања околу перцепцијата, истражување за тоа како се среќаваме со просторот и како ја доживуваме темпоралноста. Учествувала на бројни групни изложби во Обединетото Кралство и на меѓународно ниво.

Во Ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена Вашата прва самостојна изложба во Македонија, насловена „Еден облак подалеку“, која ќе трае до 19 јуни. Како Вие, како автор, би ја опишале Вашата уметност и што е она што публиката, која сè уште ја нема посетено оваа поставка на инсталации, може да види?

Имам уметничка практика водена од мултидисциплинарно истражување, која формално се занимава со прашања околу перцепцијата, истражување за тоа како се среќаваме со просторот и како ја доживуваме минливоста на времето. Работам со звук, видео, инсталација, скулптура, фотографија, перформанс и со текст, а ме интересира самата изложба како медиум, каде што сите елементи се во кохерентен разговор не само меѓу себе туку се во активен дијалог и со просторот каде што се изложени. Со „One cloud away“ презентирам неодамнешни и тековни дела, а изложбата ќе се обиде да ја вклучи архитектурата на галеријата како агент кој активно придонесува за целината на уметничкото дело.


Вие живеете во Лондон, каде што ги завршивте и студиите по уметност, но, еве, решивте да се претставите и пред својата домашна публика. Што Ве поттикна за една ваква изложба во Македонија и со оглед на тоа дека таа е веќе отворена, колку сте задоволни од посетеноста и од реакцијата на публиката?

Често се враќам дома и се обидувам да следам и да присуствувам на уметнички и културни настани. Разговорот за оваа изложба започна некаде минатата година. Стануваше збор за тоа да има достапен временски простор во галеријата што ќе се совпадне со мојот распоред и со другите обврски. Од дете сум редовен посетител на галеријата и чест ми е да бидам еден од уметниците што изложуваат таму. Никогаш не можев да се надевам на подобра публика, навистина. Имавме многу кратко време да ја поставиме изложбата, што беше многу помалку од 24 часа, па моравме да работиме цела ноќ. Додека ја поставувавме изложбата, привлековме големо внимание кај минувачите. Имаше многу луѓе кои влегоа да ни посакаат добредојде и да нè прашаат што работиме. Тоа беше прекрасно. Љубопитноста и интересот ми значат многу. Целокупниот прием, како што споменав претходно, не можеше да биде подобар. Запознав многу инспиративни луѓе со кои имав задоволство да разменам неколку значајни збора. Се надевам дека ќе продолжиме со разговорот, ќе размениме идеи и искуства кои, се надевам, ќе доведат до интересни колаборативни проекти во иднина. Отворањето и времетраењето на изложбата „Еден облак подалеку“ се совпадна со театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Градот Прилеп е полн со креативна енергија, што е прекрасно.

Всушност, која беше инспирацијата за овие инсталации со кои се претставувате и која порака сакавте да им ја пренесете на посетителите и љубителите на уметноста преку изложбата?

Со „One cloud away“ претставувам дел од тековни и неодамнешни дела, кои овде се манифестираат преку медиумите на инсталација, фотографија и разиграна интервенција во просторот. Преку внесување елементи на фрактална геометрија, идеи за зголемена реалност, поетско истражување на просторот и обиди да се доловат минливите „трасиент“ моменти, изложбата ја поканува публиката да отвори прашања околу поимот просторни и временски растојанија и близина. Генерално, се трудам да одржам ниво на отвореност во мојата работа, што остава простор за случајност и експериментирање. Чувствувам дека овој став во голема мера придонесува за отворање на понатамошни прашања, кои се надевам дека ќе водат кон иновации и напредок. Се надевам дека публиката ќе ја доживее отвореноста на целокупната изложба и ќе донесе свои перспективи и дополнителни испрашувања.

Во рамките на изложбата се одржа и работилница на која учествуваа и уметници од странство. За што, всушност, се работи?

За време на изложбата, одржана е работилница насловена „Истражување на материјалноста“ со Mass Project. Јас, Lala Thorpe (културен продуцент и образовен куратор – колекција на Советот за уметности нљ Англија) и Luce Choules (уметник, писател) сме основачи на „Mass Project“. Накратко, Mass Project е експериментална платформа која ја истражува материјалноста на уметничките практики. Со критички пристап кон постојано променливите модели на производство и ширење на уметноста во областа на современиот свет во кој живееме, „Mass Project“ има цел да ги предизвика можностите за тоа што би можело да биде уметничко дело. Земајќи го предвид секој можен медиум, има намера да понуди дискурзивна и флексибилна средина која преиспитува и редефинира, што претставува современа уметничка практика.

Зошто токму Лондон беше Вашиот избор и како се одвиваше Вашата приказна поврзана со уметноста и престојот во британската престолнина? Колку е тешко за еден македонски уметник да се пробие и да опстои на британската ликовна сцена?

Зошто Лондон? е прашање на кое не би можела да дадам конкретен одговор. Мислам дека една од причините беше мојата љубопитност за истражување. Како што знаеме, Лондон е мултикултурен космополитски град кој, несомнено, се позиционира во првите редови поврзани со современата уметност, иновациите и промените. Со бескомпромисна заложба за развој на мојата практика, која воедно е придружена со ентузијазам за интелектуална авантура, природно ме привлече ликовното образование. Имав огромно задоволство да студирам на колеџи што овозможуваат стимулативен простор за развој. Се разбира, ова беше проследено со голем број предизвици, но, како што велат Британците: „Каде што има волја, има и начин“. Преку моите образование и работа, веќе долго време сум дел од меѓународна заедница, така што сум навикната да бидам странец меѓу странци. Ова го кажувам во позитивна смисла. Сите ние доаѓаме однекаде и со себе ги носиме нашите сличности и разлики. На крајот, и ова може да звучи утописки, она што е важно е да се биде дел од заедница на луѓе што делат исти морални вредности.

Кои се Вашите идни планови, соработка и дали оваа изложба ќе биде поставена и во други градови во државата и надвор?

Запознав многу инспиративни луѓе за време на подготовката и отворањето на „One cloud away“. Многу се радувам што ќе го продолжиме разговорот во иднина и, како што споменав претходно, се надевам дека тоа ќе доведе до потенцијална соработка. Што се однесува до изложбата „ One cloud away“, би било убаво да се инсталира и на други места каде што, пред сè, ќе послужи како платформа што ќе привлече и други креативни луѓе отворени за размена. (Д.Т.)





0 views

Comments


bottom of page