top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба на минијатури од Зоран Арсовски во Прилеп

Во Ликовната галеријат на НУЦК”Марко Цепенков” во Прилеп вечерва од 19.00 часот ќе биде отворена изложба на минијатури „Тектонски пореметувања“ -2 од визуелниот уметник Зоран Арсовски – Бабата.

На ова изложба ќе бидат претставени над шеесетина дела коишто се изработени во маслена и акрилна сликарска техника. Арсовски е познат по своите концептуални изложби кои секогаш носат силни пораки па така и оваа изложба се трансформира во еден необичен свет којшто е реален како и секој друг и живее на сликарското платно но и во окото на гледачот, којшто молчи и гласно ги изразува своите пораки во зависност од тоа кој е перцепиентот на тој дел креативна реалност… Овој опус на дела треба пред се да се разбере како крик и последно предупредување до сите луѓе коишто ја сакаат оваа планета и можат со своето влијание да помогната во зачувувањето на животната средина, но и како дел од една единствена интимна авторска креација којашто е посветена на еколошката идеја.

Зоран Арсовски – Бабатa дипломирал и магистрирал на Националната Ликовна Академија во Софија на катедрата за визуелни уметности, насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Има реализирано 14 самостојни изложби од кои дел се пред Меѓународната ликовна сцена. Учествувал на повеќе групни изложби, ликовни колонии, проекти, работилници и симпозиуми во земјава и странство. Член е на ДЛУМ. За својата работа има добиено повеќе награди и признанија.

Ка.М.


1 view

Comments


bottom of page