top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба на македонска еколошка мода и дизајн

Отворен е повик до дизајнери чија работа се базира на еколошки и одржливи практики. Може да се пријават дизајнери на мода, модни додатоци, накит и дизајнерски производи и услуги со одржлив и еколошки карактер. Стручна комисија ќе ги разгледа апликациите и ќе ги одбере учесниците на изложбата за еколошка мода и дизајн „Слоускејпс 5“. Рокот за пријавување е до 10 септември, а изложбата ќе се одржи од 28 септември до 2 октомври во КСП „Центар – Јадро“ во Скопје.

„Слоу фешн“ e алтернатива на брзата мода и се заснова на принципи како добар квалитет, чиста средина и фер однос кон клиентите и работниците. Предизвикот да се најдат македонски брендови што припаѓаат на движењето „слоу фешн“ беше лична цел на кураторот Драган Христов, кој стои зад македонскиот моден бренд „Лудус“. Со таква идеја во заднината, првото издание, одржано во декември 2018 година во галеријата „Акантус“ во Скопје, буквално даде приказ на работата на македонските модни брендови што се припадници на движењето. Селектираните брендови беа главно етаблирани и познати на нашата публика, но покрај нив беа презентирани и неколку нови. Заедничкиот елемент кај сите нив се квалитетен производ, кој најчесто е претставуван на интернационалниот пазар, внимателно селектирани материјали и современ дизајн.

Стручното жири што ќе ги определи учесниците на годинашното издание е составено од Драган Христов, Ѓорѓе Јовановиќ (визуелен уметник и програмски координатор во КСП „Центар – Јадро“) и Снежана Јаначкова Богдановска (модна новинарка и модна критичарка).


2 views

Comments


bottom of page