top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба на Ивана Самандова во Музејот на град Скопје

25.10.2021 Oktomvri Petok

Во Музејот на град Скопје, на 26 октомври, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Сите мали нешта – микрокосмос“ на Ивана Самандова. Авторката е добитничка на годишната награда „Борко Лазески“.

Музејот на град Скопје секоја година организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел.

Овој проект на Самандова вибрира помеѓу нејзините настојувања активизмот да го реализира со помош на повеќе изрази во медиумот: инсталација, објект, цртеж, слика, светлина, текст.

Самандова е родена во Скопје, 1997 година. Во 2016 ги започнува своите студии на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломира во 2020, на отсек сликарство и модул реставрација и конзервација. Нејзиното творештво опфаќа процеси на опсервации и истражувања, најчесто насочени со интерес кон општествените проблематики, однесувања, интерконекции и прогрес, подоцна пренесувајќи ги преку интердисциплинарна медиумска уметничка практика.


4 views

Comments


bottom of page