top of page

Изложба на жени-уметници во Кавадарци по повод 8 Март

05.03.2021 mart petok

Во Музеј-галеријата во Кавадарци во рамките на повеќедецениската традиција за празникот на жената да се организираат ликовни изложби на уметници денеска во 12 часот ќе биде отворена изложба на дела од збирката на Музеј-галеријата чии автори се жени.

Изложбата има интернационален карактер бидејќи се застапени дела од уметници главно од Кавадарци, Македонија и од странство. Ќе бидат изложени дела од: Ана Темкова, Рада Петрова, Маргарет Херцеле, Агна Дренкова, Ружица Јосифовска, Лилјана Антоновска, Севдалина Митрова, Стефанија Петровска , Дивна Пешиќ, Велика Јанчева, Македонка Димова, Александра Хаџи-Наумова, Симона Манчева, Ели Аин Аиновска, Наташа Бошковска, Валентина Илијевска, Армаган Гукчеаспан, Илинка – Суза Глигорова, Ана Спирова и Родна Димова.

Оваа изложба претставува избор од збирката на Музеј-галерија на уметници и тоа маслени и акрилни платна, акварели, графики, дела од применета уметност и слично отстапени на Музејот во периодот кога се презентирани нивните изложби со што ја продожуваме традицијата и во услови на пандемија да се вклучиме во одбележувањето на меѓународниот ден на жената – информираат од Музеј-галеријата во Кавадарци. Ми.М.




 
 
 

Comments


bottom of page