Search
Изложба на ДЛУБ во КИЦ „Битола“
ЈОУ Културен и информативен центар „Битола“ и ДЛУБ најавуваат отворање изложба по повод Интернационалниот ден на жената, 8 Март. Изложбата е најавена за среда во кристалната сала на Офицерскиот дом – КИЦ „Битола“, во 19 часот. „Кој друг ако не уметникот е најповикан да ги изнесе на светлина целата женска убавина, храброста, милоста и саможртвата… 8 Март е симбол на денот кога жените застанаа рамо до рамо со мажите да се борат за подобар заеднички свет“, вели организаторот на изложбата.
Comments