top of page

Изложба на дела од годинашната Меѓународна струмичка ликовна колонија

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица синоќа беше отворена традиционалната изложба на дела создадени на 59. Меѓународна струмичка ликовна колонија.

Изложбата ја отвори в.д. директорката на Центарот за култура, Танкица Стојанова. -Од почетокот до денеска на оваа колонија учествувале над 1400 ликовни творци од сите страни на светот, од кои голем број беа еминентни уметници со богато и докажано меѓународно реноме.

Во овие 59 изминати години Меѓународната струмичка ликовна колонија се здоби со исклучително богата ликовна збирка, така што ликовниот фонд од преку 2.750 дела изработени во сите ликовни дисциплини годинава е збогатен со нови ликовни продукти. Таквото ликовно богатство е немерливо, па токму заради тоа треба да бидеме горди на него, рече Стојанова.

Отворањето на изложбата беше во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Струмица-11 септември.


 
 
 

Comments


bottom of page