top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба на дела од Ванчо Ѓорѓиевски во МКЦ

Во Галеријата на МКЦ на 17 јуни, во 20 часот, ќе се отвори изложба на дела од младоста на Ванчо Ѓорѓиевски.

За Ѓорѓиевски, сликарот Горјан Ѓорѓиев ќе истакне дека се одликувал со посебност посочувајќи: „Неговите платна и творби ги споил во своите чемери, но и блесоци на кратка радост, балади кои го стегаат срцето додека траат, акцентирани од милозвучни гестови на лазурно нанесена боја, што брани бавно и силно како солза во око, балади и митови кои само него го разбираа и на кои единствено им веруваше, затоа што само тие не го заборавија… само ним не им пречеше неговата неактуелна различност, неговата тешка уникатност“.

Ванчо Ѓорѓиевски е роден 24.6.1924 во Скопје, а починал 2009 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Член на ДЛУМ бил од 1952, излагал со групата „Мугри“ 1960/1961. По плодната педагошка работа, се пензионирал како редовен професор на ФЛУ во Скопје. Излагал дела во Италија, Холандија, Полска, поранешна СССР, Финска. Ликовните дела на Ѓорѓиевски се наоѓаат во повеќе музеи, галерии, колекции и јавни институции како во земјава така и во странство. Добитник е на повеќе награди. Изложбата ќе трае до 29 јуни.


2 views

Opmerkingen


bottom of page