Изложба на графики на Зоран Бошковски во “Галерија КО-РА“
Updated: Dec 1, 2021
30.11.2021 Noemvri Vtornik
Во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, во Галерија „КО-РА“, вечерва ќе биде отворена изложбата „Надворешниот свет како симболика на внатрешни“ на уметникот Зоран Бошковски.
Делата се изработени во техника линорез, колографија, монотипија.
Бошковски досега има десет самостојни изложби, учествувал на голем број групни изложби и светски биеналиња за графика. Основач е на светското биенале за минијатурна графика во 2000 година, при Музејот во Тетово, а основач е и на детска ликовна колонија и детско графичко студио при основното училиште “Симче Настовски” во Тетово.
Наградуван е од фондот на Ѓорѓи Зогравски, од Факултетот за ликовна уметност за постигнат одличен успех по стучно уметничките предмети и добитник е на награда на светско биенале за голема графика во 1997 година во Канагауа, Јапонија.
Comments