Изложба „Монодрамите и дуо драмите на МНТ“
16.06.2021 Juni Sreda
Во Македонскиот народен театар е отворена изложба „Монодрамите и дуо драмите на МНТ“.
Присуството и силата на актерот, сите негови умеења и вештини, посветеност и сигурност се неизоставен дел и носечки елемент на она што ја прави монодрамата и/или дуо драмата.
На репертоарот на МНТ низ годините, почнувајќи од 1974 и „Дневникот на лудиот“ со Владимир Светиев па сѐ до последните „Последната лента на Крап“ на Ѓорѓи Јолевски и „Само глас“ со Звездана Ангеловска и Никола Ристановски реализирани се 20-тина монодрами и дуо драми кои се центарот на истоимената изложба поставена во фоајето на театарот.
Низ фотографиите, костимите и плакатите во „Монодрамите и дуо драмите на МНТ“ забележливи се два аспекти
Од една страна, тоа се монодрамите каде е видлива посветеноста на актерот кој кога е сам на сцената се развива, менува, остварува и/или зацврстува, и од друга страна, тоа се дуо драмите каде е видлива комуникацијата и врската која ја создаваат двајца актери кои на сцената зависат еден од друг и атмосферата кога при интерпретацијата на ликовите се надополнуваат еден со друг. Изложбата го прикажува актерот кој е сам на сцената или со уште еден актер , борбите кои ги водат сами со себе или со другиот, како и впечатокот кој го оставаат кај гледачот. Тоа е секоја емоција, мимика, гестикулација и движење.
Изложбата е отворена за публиката која присуствува на тековните претстави на репертоарот на МНТ и онлајн, на веб-страницата на МНТ и на фејсбук-страницата на театарот.
Comments