top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба „Летаргија“ од Ангел Коруновски во Музеј на Град Скопје

09.10.2024 Oktomvri Sreda

Во Големиот салон на Музејот на Град Скопје, на 9 октомври (20 часот), ќе биде одржана изложба на цртежи од Ангел Коруновски, насловена „Летаргија“, а промотори на изложбата се Сашо Димоски и Јасмина Намичева.

Зародиш на концептот на изложбата се глобализацијата, пласирањето лажни информации и вредности, како и потценувањето на луѓето и нивните способности. Осознавањето преку брза информација без потковување на знаењето, кое бара време и истражување, претставува глобален проблем во целото општество, кое се движи во погрешен правец, комплетна капитализација и вреднување на материјалните добра, како основен идентитетски печат кај единките.

Живееме во време на брзи вистини, поддадени и наложени вредности, нема индивидуалност, луѓе слични што функционираат како бинарен број, кој е зададен да создаде една наметнато поставена слика. Делата на изложбата се сурови, искрени и голи, како нужна потреба за отсликување на општеството. Впрочем, нели, културата е образ, огледало на времето и на општество во кое живееме?

Цртежите се работени во комбинирана техника, каде што тушот и перото се појдовна точка, додека алатките, како Procreate & photoshop, прават кулминација во создавањето една монументална творба во дигитален формат.

– Се надевам дека публиката ќе ужива во едно негување на класичниот начин на творење преку фундаментот на ликовниот начин на изразување – цртежот, репрезентиран во нов начин на презентација, како дигитална монументална уметност – посочува Коруновски.

Изложбата ќе трае до 23 октомври.


0 views

Comments


bottom of page