Изложба „Зад Македониумот“ во Кабинетот на претседателот на државата
- Aleksandar Santovski
- Sep 21, 2022
- 1 min read
Во Кабинетот на претседателот на државата од 21 до 30 септември 2022 година ќе биде поставена изложбата „Зад Македониумот“ – скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на еден од нашите најпознати споменични обележја, Македониумот во Крушево.
Изложбата се организира по повод 31 година независна македонска држава, а Македониумот со своите уметнички и архитектонски вредности, како и со историската симболика и содржина го артикулира богатството на нашето културно-историско наследство, наведуваат од Кабинетот.
Изложбата ќе биде отворена за посетители од 22 до 30 септември со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот: https://pretsedatel.mk/otvoren-kabinet/. Посетата ќе биде организирана во зависност од бројот на пријавени граѓани.

コメント